TTK Банка АД Скопје идентификуваше обид за лажно претставување на Банката со злоупотреба на името. Имено, во рамките на електронска комуникација преку апликацијата Меssеnger од Fаcebook профилот Kredit Privat, одредени физички лица  добиваат лажна информација дека ТТК Банка АД Скопје е соработник на Kredit Privat како и насоки за наводни уплати/исплати со што се прави обид за доведување на лицата во заблуда.

Банката се оградува од содржината на ваквата електронска комуникација и апелира да не се постапува по инструкциите во истата.

Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.

Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции во согласност со позитивните законски прописи.