Сузуки свифт (Suzuki Swift) и 10 електрични тротинети се доделени на клиенти на Охридска банка предвидени во наградната игра „Визарата може сè“, која траеше од 10 јуни до 30 септември.
Добитник на главната награда патничко возило Сузуки свифт е Соња Тошевска од Скопје.
Тротинетите (10) се доделени на клиенти на банката од Скопје, Охрид, Куманово и Гевгелија: Стефан Стојоски, Борче Кочевски, Александар Толов, Роберт Петковски, Гордана Симоновска, Јулијана Крстевска, Игор Арсовски, Аница Петреска, Мирела Хасановиќ, Андријана Јовановска.
„Јас сум многу изненадена, не очекував. Возбудена сум, измешани чувства, радосна и сè уште не ми се верува. Ја гледам пред мене колата и пресреќна сум навистина. Сакам да се заблагодарам на Охридска банка, на организаторите, на менаџментот.Сакам да кажам дека сме поодамна во Охридска банка, од 2008. Едноставно, тогаш кога највеќе ни требаше пред многу години кредит, Охридска банка ни излезе пресрет и навистина толку релаксирано беше искуството и за што и да беше, вработените секогаш имаа разбирање“, изјави Соња Тошевска, добитник на главната награда.
„Не помислив дека ќе добијам награда кога аплицирав за кредитната картичка Визарата. Изненадено се чувствував и не верував сè додека не дојдов да го видам тротинетот“, изјави Роберт Петковски, еден од десетте добитници на тротинети.
Во оваа наградна игра право на учество имаа сите полнолетни граѓани на Македонија, кои се корисници на една од кредитните картички издадени од Охридска банка од брендот Виза, а кои ја извадија новата Визарата кредитна картичка, како и сите оние кои ја поседуваа само Визарата кредитната картичка издадена од Охридска банка.
Додека траеше наградната игра, основниот услов за учество во неа беше клиентите да направат минимум 10 (десет) трансакции со Виза кредитна картичка издадена од Охридска банка АД Скопје, од кои минимум 1 (една) трансакција со Визарата. Секоја трансакција со Визарата даваше можност за тројна шанса за освојување на награда, а еден учесник во наградната игра имаше право да биде извлечен само за една награда. Вработените во Охридска банка АД Скопје немаа право на учество во оваа наградна игра.