Кој не мисли за својата иднина, не планира и организира тоа што сака да му се случи? Тоа сите го правиме, нели? Откако еднаш ќе станеме свесни дека со премногу цели, обично излегува ниедна од нив да не ја доведеме до крај, станува јасно дека начинот на кој целта е дефинирана одлучува дали ќе ја оствариме или не.
Формулирани цели значи дека знаеме точно како сакаме да доживееме еден дел од животот. Да би имале можност своите желби во иднина да ги претвориме во прецизни и јасни цели, ни помага моделот “логични нивоа”, по кој својот живот можеме да го поделиме во следните шест области: опкружување, однесување, способности, верувања и вредности, идентитет … сите овие сектори дејствуваат еден на друг по тој редослед.
Доколку сакаме да промениме нешто во опкружувањето, важно е да го промениме нашето однесување, а да го направиме тоа треба да се стекнеме со нова или да ја промениме нашата способност, а тоа најмногу зависи од нашите верувања и вредности кои директно зависат од нашиот личен идентитет. Ова значи дека, што и да сакаме да постигнеме во опкружувањето, прво мора да почнеме да се менуваме себеси.
Поголемиот дел од луѓето бараат промена во две области: идентитет или опкружување. Доколку сметаме дека нашиот идентитет е непроменлив, тогаш се обидуваме да ги промениме другите луѓе за ние да бидеме среќни, значи сме во потрага по промени на ниво на опкружувањето. Обично вината дека не сме задоволни со фактичкото место на живеење, на времето во кое живееме, ситуацијата и луѓето кои не опкружуваат, ние веруваме дека ќе бидеме среќни само кога сето тоа ќе се промени и се да се прилагоди на нас и на нашите потреби.
Бидејќи сите области произлегуваат од личниот идентитет, за што барем половина од луѓето се свесни, ние се уште се правиме немоќни пред задачата да се промениме себеси.