Со оглед на развојот на настаните во последно време околу обесштетувањето на штедачите на пропаднатата Еуростандард Банка, сметав дека е важно да го пренесеме овој текст кој го објавува официјалната страна на Здружението на оштетени штедачи на ЕСБ. Нивното пишување го пренесуваме интегрално :
Почитувани нашето основачко собрание не се со групата оснивачи на Форумот – бидејќи имаме сомневање дека се луѓе на Т. К. со тоа што ниедно обвинување, тужба и протест не насочуваат кон директорите и акционерите на Еуростандард банка.
( Сем на адвокатот што настапи на тв24).
Причините за нашето здружување и давање последна нивна подршка на 30 октомври :
* Од првиот состанок во паркот неможат да направат Здружение ниту раководни тела. * Работат на добивање на време за наведените личности од ЕСБ.
*Упорно ја обвинуваат “само државата и НБРСМ” .
*Функционираат само со п.п. која е тесно поврзана со ТК.
*Влегуваат во сите Вибер групи и работат на неформирање на здружение.
* На средбите со институциите одат без да информираат и без да ги повикаат нашите претставници – членови во првото оснивачко собрание од 5 души.
* Бришат луѓе од форумот кој им контрираат.
* Сакаат по секоја цена да влезат во Стечајниот одбор.
* Не прават одбор од Адвокати и сите адвокати кои им се понудија ги игнорираат.
* Не направија поделба на активностите и комисии.
* Не направија да имаме канцеларија и агенда за дејствување.
* Направија само предлог – закон од неколку реченици .
Почитувани за сега сме повеќе од 100+ членови за реални активности , реални тужби против сите што не оштетија.
Вашите повици за обединување се повици на структури на ТК. Ние повеќе не ги прифаќаме. Благодариме.
Ова соопштение беше објавено пред два дена и согласно изјавеното во истото, сметам дека посоченото лице ги организира овие диверзии. Имено, со пренос на вината кај државата и Народната Банка, сопственикот сака да се изземе од одговорност за пропаднатите пари на штедачите. Откако не успеа тактиката на обвинување на генералниот директор, сега најверојатно, се сака да се направи диверзија, и народниот гнев да се насочи кон официјалните лица на државата или на Народната Банка.
Она што е неверојатно е што секој добро упатен во банкарството и финансиите знае дека Народната Банка како врховен супервизор на монетарните текови и финансиско работење, сакала – несакала, мора да работи по стандардите воспоставени на светско ниво со Базел 2 и Базел 3 стандардите. И оттука, нема мрдање. Проблемот е настанат со одобрувањето на крајно сомнителни, неиздржани хипотекарно и коруптивни кредити, аминувани од највисокото раководство на Еуростандард Банка. Потоа, при одредено ниво на загуба и неадекватност на капиталот на банката, монетарната власт во Македонија, во случајов Народната Банка, на најпрофесионален начин согласно светските стандарди постапила при затварањето на банката.
Очигледен е напорот да се префрли вината кај други од страна на тој што е најмногу одговорен за оваа ситуација.
Наум Димитровски