Европската валута доби подршка од договорот на Грција и кредиторите за нов пакет на финансирање, иако главната тема на девизниот пазар е одлуката на централната кинеска банка за 2 процентна девалвација на јуанот. Еврото во однос на доларот се зголеми за 0.3 проценти на 1,1045 $.
Кинеската валута го забележа најголемиот пад од 1994 година, спуштајќи се на најниско ниво во последниве три години.
Централната банка на Кина, истакна дека тоа е еднократен потег кој е мотивиран од пазарни причини, додека економистите тоа го толкуваат во контекст на јакнење на конкурентноста на забавената економија на Кина, а некои укажуваат на можноста за валутна војна.
“Што е интересно во денешниот потег? Не самите размери на девалвацијата, иако е точно дека се вративме назад каде што бевме во септември 2012 година, а од друга страна … Долар индексот во истиот период се зголеми за 22 проценти и од таа перспектива се работи за една капка во морето “, објаснува Simon Derrick од лондонскиот BNY Mellon.
“Со оглед на се повеќе изразените стравувањата од слабеење на економијата, девалвацијата на јуанот е единствениот метод што Кина се уште не го има испробано, по спроведување на монетарна, фискална и политиката за зголемување на вредноста на акциите”, додава Masafumi Yamamoto од токискиот Monex.
Кинескиот потег ги погоди и валутите на земјите кои со Кина одржуваат живи трговски врски, па со тоа австралискиот и новозеландскиот долар ослабеа во однос на американскиот долар за 1,3 односно 1 процент. Ослабна и јапонскиот јен, паѓајќи на најниско ниво во последните два месеци.