Цените на нафтата нагло паднаа минатата недела поради најавата за воведување мерки за карантин во Европа, но и неизвесноста што ги придружува претседателските избори во Америка.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела потона за 10,3 проценти, на 37,46 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 10,2 проценти, на 35,79 долари.

Денес цената на Брент падна за 4,3 проценти на 36,3 долари за барел, а американската сурова нафта за 4,5 проценти на 34,17 долари за барел.

Една од причините за овој пад е претпазливоста на инвеститорите поради најавените мерки за карантин на Стариот континент, бидејќи сите знаеме што се случи со пазарот на нафта последен пат кога беа воведени.

Сепак, несигурноста што ги придружува американските претседателски избори, исто така, придонесе за тоа, бидејќи аналитичарите предвидуваат натамошен пад на нејзината цена доколку Бајден победи во трката за американски претседател. Тој најави олеснување на санкциите наметнати врз Иран поради нуклеарната програма, што ќе придонесе за раст на количината на овој извор на енергија на пазарот, во време кога потрошувачката е на многу ниски нивоа.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк