Минатата недела на меѓународните девизни пазари еврото зајакна за повеќе од 1 процент во однос на доларот и јенот, додека доларот ги забележа најголемите загуби во изминативе девет недели, затоа што девалвацијата на кинескиот јуан ги поткопана очекувања дека Банката на федерални резерви ФЕД во септември ќе ги зголеми каматните стапки.
Девизниот курс на еврото минатата недела, се зголеми за 1,3 проценти во однос на американската валута, на 1,1109 $. Доларот во однос на јапонската валута зајакна 0,1 проценти на 124,30 ¥.
Но во однос на кошницата валути доларот минатата недела опадна за речиси 1 процент, на 96.670 поени, најостро опаѓање во последните девет недели.
Централната банка на Кина спроведе на три наврати девалвација на јуанот од вкупно 4,6 проценти со цел да се обезбеди голем поттик за извозниот сектор.
Економистите проценуваат дека главниот мотив за потезите на Кинеската централна банка е да го стимулира економскиот раст, кој веќе долго време забавува. Ова се потврдува со падот на извозот во јули за 8,3 проценти.
Несигурноста во однос на кинеската економија и девалвацијата на јуанот предизвика сомнежи дали ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки во септември, како што претходно се очекуваше.
“Се појавија сомнежи во однос на тајмингот за подигнување на клучните каматни стапки”, изјави Niels Christensen од Nordee.
Сепак, последните податоци покажуваат раст на производствените цени во САД за јули, трет последователен месец, како и раст на индустриското производство по најбрза стапка во последните осум месеци, што дава поддршка на верувањето на трговците дека ФЕД до крајот на годината да ја заврши политиката со нула каматна стапка.
Курсот на еврото, е помогнат од одлуката на министрите за финансии на еврозоната за трет финансиски пакет за Грција во вредност од 86 милијарди евра со што се отстранија голем број на неизвесности на финансиските пазари.