Нафтените пазари во петокот беа притиснати од новите слаби податоци од Кина, подржувајќи ја загриженоста во врска со состојбата на најголемиот потрошувач на енергија во светот.
На лондонскиот пазар цената на нафта падна за 30 центи на 46,32 $. На американскиот пазар се тргуваше за 25 центи пониска цена од 41,07 $.
Активностите во кинеската индустрија во август забележаа најголем пад после речиси шест и пол години, по острото намалување на домашната и странската побарувачка, поради што се зголемија стравувањата за намалување на потрошувачката на нафта во вториот по големина потрошувач на нафта во светот.
На пазарот во САД нафтата е на добар пат за завршеток осма недела по ред со пониски цени, што ќе биде најдолгиот период на паѓање на цените од 1986 година.
Трендот на намалување на цената на нафтата малку го кочи послабиот долар, кој ја зајакна куповната моќ на сопствениците на другите валути а со тоа и побарувачката за нафта. Американската валута ослабе поради пригушените очекувања дека ФЕД следниот месец ќе ги зголеми клучните каматни стапки.