Доларот на меѓународните девизни пазари падна на најниско ниво во однос на кошницата валути во последните три недели, во пресрет на состанокот на Банката на федерални резерви ФЕД оваа недела, од кој инвеститорите не очекуваат зголемување на каматните стапки.
Долар индексот, која ја мери вредноста на доларот во однос на шестте водечки светски валути, падна на 94,913 поени, што е најниско ниво од 26-ти август.
Еврото во такви околности зајакна за 0,3 проценти во однос на доларот, на 1,1373 $, на највисоко ниво во последните две и пол недели.
Со ист процент на загуба американската валута е и во однос на јапонскиот јен и се спушти на 120,20 ¥.
Новите разочарувачки податоци од Кина ја зајакнаа загриженоста во врска со застојот во втората по големина економија во светот. Растот на инвестициите и активностите кај компаниите се послаби отколку што се очекуваше и го зголемуваат ризикот дека стапката на раст во Кина во третиот квартал може да се спушти под 7 проценти за прв пат од почетокот на светската финансиска криза.
Во фокусот на инвеститорите е и дводневната средба на лидерите на јапонската централна банка, кој започна во понеделникот, а се проценува дека нема да има понатамошно монетарно олеснување.