Цените на нафтата се стабилизира во четвртокот на 49 $, откако слабите јапонски податоци го пренасочиа вниманието за остриот пад на американските залихи на нафта.
На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 50 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,25 $. Во средата тргувањето се затвори со плус од 4,2 проценти.
На американскиот пазар барел се тргуваше за речиси непроменета цена во споредба со предходното затворање на 46,95 $. Во средата тргувањето се затвори со плус 5,7 проценти.
Пазарот во средата беше одбележан со фактот дека залихите на нафта во клучниот центар на САД во Cushingu минатата недела се намалиле за околу 1,9 милиони барели, што е највисок пад од минатиот февруари. Вкупните залихите на сурова нафта минатата недела паднале за 2,1 милиони барели.
Залетот на цената на нафтата го закочија податоците од Јапонија, кои покажаа пад на извозот во август, сигнализирајќи за влијанието на слабеењето на активностите во Кина. Слабоста на Кина исто така влијаеше врз Јужна Кореја и Тајван, разгорувајќи ги стравувањата за слабите изгледи за глобалниот економски раст во целина.
Фокусот сега е пренасочен кон американската централна банка која после дводневните состаноци треба да донесе решение за монетарната политика.