Македонската берза ги објави финансиските показатели на котираните друштва за периодот јануари-септември, годинава од кои може да се види дека 69 компании работеле со добивка.

На листата на топ пет компании со најголема добивка се Стопанска банка АД Скопје со добивка од 1.422.078.000 денари, Комерцијална Банка АД Скопје со добивка од 1.310.650.000 денари, НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 1.265.413.000 денари, Македонски Телеком АД Скопје со добивка од 1.145.006.000 денари и Цементарница УСЈЕ АД Скопје со добивка од 1.136.369.772 денари.