Кинескиот економски раст во голема мера ќе биде стабилен во третиот квартал и влијанието на намалувањето на цените на пазарот на акции е ограничен, проценува кинескиот завод за статистика. Портпаролот на заводот Sheng Laiyun ја бранеше точноста на кинеските податоци, велејќи дека стапката на раст од седум проценти во првата половина на оваа година е во согласност со промените во потрошувачката на енергија, обемот на железничкиот товарен промет и банкарските заеми во истиот период.
Според него, економскиот раст на Кина во третиот квартал нема да биде многу различен од годишната стапка на раст од седум проценти, колку што активностите според Пекинг се зголемиле во вториот квартал.
“Судејќи според индикаторите во јули и август, ние веруваме дека економскиот тренд е уште стабилен, може да има одреден отклон нагоре или надолу, но не и во значителна мера”, рече Sheng.
Кинескиот економски раст се уште се движи во “разумен опсег” и владата оваа година ќе ја постигне планираната стапка на пораст од околу седум проценти и покрај одредени притисоци, рече Sheng.
Портпаролот на заводот за статистика, напоменува дека по негово мислење стапка на раст од околу седум проценти се смета онаа во опсег од 6,5 до 7,5 проценти.
Институтот ќе ги објави податоците за БДП за вториот квартал на 19 октомври.
Sheng истакна дека зголемувањето на клучните каматни стапки во САД само ограничено ќе влијае врз Кина. Според него, забавувањето на кинеската економија може делумно да се припише на послабата глобална побарувачка и нестабилноста на финансиските пазари во пресрет на зголемувањето на каматните стапки во САД.
“САД не треба го преувеличува влијанието на забавувањето на кинескиот раст врз глобалната економија”, изјави кинескиот официјален претставник.