Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари со оглед на индикациите за забавувањето на производството во САД кои ја потиснаа во втор план загриженоста за кинеската економија.
На лондонскиот пазар нафта се зголеми за 65 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 47,99. Цената на нафтата на американскиот пазар се тргуваше за 40 центи повисока цена од 45,08 $.
Во понеделникот цените на нафтата на лондонскиот и американскиот пазар го заклучија тргувањето во минус за повеќе од два проценти, под притисок на остриот пад на цените на акциите на Вол Стрит и слабите економски податоци од Кина. Огромниот кинески индустриски сектор бележи намалена активност под влијание на намалувањето на домашната побарувачка, со што се зголемија стравувањата дека можеби кинеската економија забавува поостро одколку што во моментов се проценува, предупредуваат аналитичарите.
Спротивно на тоа, изгледите за американската економија се посветли и суфицитот во снабдувањето со нафта во водечките нафтени потрошувачи во светот полека се намалува, проценките од компанијата за собирање на податоци за пазарот Genscape покажуваат дека во клучниот центар во Cushing минатата недела залихите се намалиле за еден милион барели.
Производство на нафтени шкрилци во САД предизвика пад на цените во текот на последните малку повеќе од година дена, што доведе производителите од Блискиот Исток да го бранат уделот на пазарот со зголемување на производството, што резултира со значителен вишок на понудата.
“Има силни индикации дека производството во САД забавува”, забележува Rhidoy Rashid од консултантската фирма Energy Aspects.
Внимание сега се свртуваат кон извештајот на Американскиот институт за нафта (API) за комерцијалните залихи минатата недела.