Еврото во средата падна во однос на доларот и на британската фунта откако инфлацијата во еврозоната повторно влезе во негативна територија, поттикнувајќи ги очекувањата за зголемување на квантитативно олеснување на монетарната политика во областите на примена на заедничката европска валута.
Еврото ослабе во однос на доларот за 0,4 проценти на 1,1205 $. Еврото во однос на фунтата загуби 0,7 проценти од неговата вредност. Доларот, од друга страна зајакна во однос на јенот за 0,5 проценти на 120,30 ¥.
Потрошувачките цени во еврозоната во септември повторно паднаа, за прв пат по шест месеци, за 0,1 проценти, покажуваат проценките објавени од Европската статистичка служба. Со тоа во голема мера инфлацијата сеуште заостанува зад зацртаното ниво на Европската централна банка (ЕЦБ) од нешто помалку од два проценти.
“Слабата бројка се очекуваше и ги поттикна очекувањата дека ЕЦБ можеби ќе треба да ја прошири програмата од сегашните 60 милијарди долари месечно за нешто повеќе, можеби до крајот на оваа година”, изјави Richard Falkenhall.
“Тоа е негативно за еврото, но многу зависи од однесувањето на пазарите на акции. Доколку акциите паѓаат, еврото веројатно ќе добие поддршка со оглед дека се движи во спротивна насока”, додава Falkenhall.
Побарувачката за јенот во функција како засолниште за капиталот попушти бидејќи глобалните пазари на капитал се стабилизира и завладеа привиден мир, но трговците напоменуваат дека приливот на капитал на крајот на месецот и кварталот веројатно ќе сигнализира продолжување на осцилациите во наредниот период.
Вниманието по објавувањето на податоците за инфлацијата во еврозоната се врти кон официјалниот извештај за вработеноста во САД во септември кој владата ќе го објави во петок. Ако бројката е добра, ќе се зголемат шансите ФЕД да ги подигне клучните каматни стапки во САД до крајот на годината.