Говорејќи за јавното радио, министерот Питер Алтмајер изрази надеж дека Германија може да спречи целосен економски застој во вториот бран на пандемијата.

Германскиот министер за економија Питер Алтмајер изјави дека ситуацијата со коронавирусoт во земјата е надвор од контрола. Според него, ако КОВИД-19 продолжи да се шири со иста брзина, болниците ќе бидат преполни.

Тој предвидува невидена рецесија во пролетта 2021 година.

Сепак, Алтмајер за јавното радио изјави дека Германија може да спречи целосен економски застој во вториот бран на пандемијата.

Од среда до 10 јануари, во земјата ќе бидат воведени нови построги ограничувања. Училиштата и градинките, како и продавниците за непрехрана, ќе бидат затворени.