Комерцијална банка на 21.12.2020 година започна со исплата на финансиската помош од Владата од четвртиот пакет мерки за справување со последиците од вирусот Ковид-19.
Сите приматели на финансиска помош во износ од 6.000 денари, кои се распределени за исплата преку Комерцијална банка и кои редовно работат со сметките и имаат ажурирани податоци во Банката, средствата ќе може веднаш да ги користат.
Оние корисници на финансиска помош кои:
– немаат трансакциска сметка во Комерцијална банка
– имаат сметка на која има активна блокада преку ЕРТС
– имаат сметка која не ја користeле подолго време и немаат ажурирани лични податоци во Банката,
потребно е најдоцна до 25.12.2020 година да отворат трансакциска сметка и/или да ги ажурираат личните податоци во Банката за да може да им се исплати финансиската помош од Владата. Овие корисници финансиската помош ќе може да ја користат следниот ден по ажурирање на податоците и/или отворање сметка.
НАПОМЕНА: Согласно Законот, доколку ги ажурираат податоците и/или отворат сметка по 25.12.2020 година, финансиската помош не ќе може да им се исплати.
Ажурирањето на податоците и поднесувањето барање за отворање сметка може да го извршат во најблиската експозитура/филијала на Банката. Листата на експозитури и филијали и нивното работно време може да се видат на следниот линк: https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=1410&lang=1&uc=40…
Со цел заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Covid-19, при посета на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка задолжително е почитување на сите здравствени препораки (заштитна маска на лицето, држење на пропишаното растојание и дезинфекција на рацете). Препорака за граѓаните е да ги користат средствата со картичка.