Вештачко пилешко месо, одгледувано во лабораторијата на американскиот стартап „Just eat“, за прв пат беше послужено во ресторанот „Клуб 1880“ во Сингапур.
Вкусот и квалитетот се приближно добри како и вкусот на вистинското пилешко, освен што на овој начин не им штетиме на кокошките.
Се предвидува дека овој начин на производство на месо е иднината на пазарот и дека е многу добро еколошко решение бидејќи месото не доаѓа од заклани кокошки.
Процесот на производство на месо во лабораторијата на американскиот start-up „Just eat“, трае вкупно 14 дена.
Месото е направено од клетки од пилешки пердуви кои понатаму се шират низ протеините и мускулните клетки.
Овој метод на производство, засега, се покажа како добра алтернатива.