Лирата порасна за околу 1% до петнеделен максимум
Турската лира се искачи на петнеделен максимум во четвртокот попладне, по поголемо од очекуваното зголемување на главната каматна стапка. Одлуката на централната банка ќе ја зголеми довербата на инвеститорите во однос на можноста на институцијата да ја контролира инфлацијата.
Цената се зголеми за околу 1% во четвртокот и на крајот на трговската сесија 1 долар се тргуваше за 7,5835 лири.
Централната банка ја зголеми основната каматна стапка од 200 поени на 17% за да се залади двоцифрената инфлација, додека новиот гувернер Хаџ Агбал започна да го спроведува ветеното. Затегнувањето доаѓа по сериозното зголемување на каматните стапки од 475 поени минатиот месец во обид трајно да се намали инфлацијата, што е над 14 %.
Турската лира е една од валутите која е најтешко засегната во земјите во развој за 2020 година. Таа поефтини за 23% во однос на доларот оваа година и во ноември падна на историски најниското ниво откако коронавирусот доведе до разни блокади. Инвеститорите од друга страна се во паника поради високата инфлација во Турција и исцрпувањето на девизните резерви од страна на државата.