На први јануари 2021 година, НЛБ се стекна со сопственост на 83,23% обични акции во Комерцијална банка а.д. Белград (КБ), со што НЛБ го направи последниот чекор во оваа важна трансакција како дел од спроведувањето на својата стратегија да стане водечка финансиска институција со главен фокус на областа што ја смета за свој дом – регионот на Југоисточна Европа.

НЛБ ги доби сите потребни дозволи за оваа трансакција, вклучително и согласноста на Европската централна банка и Народната банка на Србија. Конечната куповна цена (која вклучува и камата од 1 јануари 2020 година) беше 394,7 милиони евра во согласност со одредбите на договорот за купопродажба на акции („СПА“) склучен со Република Србија на 26 февруари 2020 година

Семејствата растат и се развиваат, а нашето тргна по истиот пат. Со гордост им посакуваме топло и срдечно добредојде на нашите нови колеги од Комерцијална банка во НЛБ Групацијата. Исклучително сме горди што овој процес на аквизиција го завршуваме во согласност со роковите дефинирани во моментот на потпишувањето на договорот.“, изјави Блаж Бродњак, Претседател на Управниот одбор на НЛБ.