Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија од 3,6 проценти во 2021 година и 3,5 проценти за 2022 година.

За земјите од регионот, Светска банка предвидува раст на БДП на Албанија од 5,1 проценти во 2021 година, на БиХ – 2,8 проценти, на Бугарија – 3,3 проценти, на Хрватска – 5,4 проценти, на Косово – 3,7 проценти, на Црна Гора – 6,1 проценти и Србија – 3,1 проценти.

Во полугодишниот извештај „Глобал Економик Проспектс” (Global Economic Prospects), прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 проценти во Албанија, 3,5 проценти во БиХ, 3,7 проценти во Бугарија, Хрватска – 4,2 проценти, Косово – 4,9 проценти, Црна Гора – 3,9 проценти и Србија – 3,4 проценти.

Според Светска банка, растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 проценти во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и на бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.