Пандемијата на коронавирусот, кој го зафати целиот свет, вклучително и регионот на Југоисточна Европа, односно областа на Балканот, исто така влијаеше на обемот на надворешно-трговската размена, покажува анализата на Агенцијата Анадолу (АА).
Во некои земји се забележува пад на покриеноста на увозот со извоз, меѓутоа, одредени земји ја искористија можноста и го зголемија извозот за сметка на увозот, а во некои помалиот увоз придонесе за намалување на дефицитот во надворешната трговија.
Така, Словенија е единствената земја во регионот што остварила суфицит во надворешно-трговската размена, така што извозот во однос на увозот бил 105,6 проценти.
Со 76,4 проценти, Македонија е втора земја во регионот што има покриеност на увозот со извоз, Србија, иако забележа благ пад, има покриеност на увозот со извоз од 74,4 проценти, Хрватска 64,3 проценти, Босна и Херцеговина 62,20 проценти, а на последното место е Црна Гора со само 16,9 проценти.
Имено, во првите десет месеци од 2020 година, извозот на Словенија изнесуваше 27,3 милијарди евра, а увозот 25,9 милијарди евра. Извозот и увозот во тој период беа пониски отколку во истиот период во 2019 година, со извоз за 3,2 проценти и увоз за 8,9 проценти повисок од минатогодинешниот.
Во првите десет месеци од 2020 година, надворешно-трговскиот суфицит изнесуваше 1,5 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз беше 105,6 проценти.
Во октомври 2020 година, Словенија извезе стока во вредност од 3,2 милијарди евра, а увезе 2,9 милијарди евра. Во споредба со октомври 2019 година, вредноста на извозот се зголеми за 2,1 процент, а вредноста на увозот се намали за 8,5 проценти. Вредноста на извозот во октомври 2020 година беше највисока во последните десет години, додека увозот, кој инаку зајакна во споредба со претходниот месец, сепак беше помал во споредба со октомври 2019 година, што беше највисоко во последните десет години.
Во октомври 2020 година, имаше суфицит во надворешната трговија. Суфицитот изнесуваше 0,2 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз беше 107,4 проценти. По ланскиот дефицит во октомври, Словенија повторно забележа вишок во октомври 2020 година, што беше и најголем во последните десет години.
Во првите десет месеци од минатата година, извозот во Македонија изнесуваше 5.285.376 илјади американски долари, додека увозот беше 6.921.008 илјади долари.
Така, покриеноста на увозот со извоз е 76,4 проценти !
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк