Најмногу банкроти во Букурешт
Во Романија, од почетокот на пандемијата, 45.915 компании престанаа со економските активности и беа избришани од деловниот регистар.
Најголем број компании кои престанаа да работат се занимаваа со трговија на мало или трговија на големо со автомобилски делови, од кои 12.443, градежништво – 4.305 и научни и технички услуги – 3.963, пренесува Адјерпрес.
Најголем број на компании кои ги запреа своите деловни активности беа во главниот град Букурешт и неговата околина, областите Клуј, Темиш и Констанца.