Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот.

Британскиот влијателен економски магазин го стори тоа во согласност со „Big Mac Index“, индекс кој се користи за мерење на паритетот на куповната моќ и пресметување на „реалните“ девизни курсеви.

Авторите зедоа за пресметка еден стандарден производ што може да се купи во повеќето земји во светот, но за поинаква цена, во зависност од валутата. За да се пресмета паритетот на куповната моќ, се користи хипотезата според која истиот производ треба да чини подеднакво во сите земји во светот. Поинаква состојба укажува на тоа дека стапката на размена на локална валута е прениска или превисока.

Според „The Economist“, сендвичот „Биг Мек“ на Мекдоналдс во јануари 2021 година во Америка чини просечно 5,66 долари, а во Русија 135 рубљи (1,81 долари). За да се „изедначи“ вредноста, треба да се добијат 23,85 рубли за доларот, додека во реалноста вреди повеќе од три пати повеќе.

Според експертите, курсот на рубљата е намален за 68 проценти, а имајќи ја предвид промената на БДП на земјата по глава на жител, курсот е намален за 47,3 проценти, што ја прави руската валута најпотценета валута во светот.

Други валути со најниски курсеви се доларот од Хонг Конг (46,8 проценти) и турската лира (39,7 проценти).

Big Mac Index“ е еден од начините да се одреди куповната моќ и јачината на валутите ширум светот, а тој се заснова на собирање компаративни податоци за цените на овие сендвичи.