Економијата на еврозоната ќе се опорави оваа година, под услов мерките за борба против пандемијата да бидат укинати на крајот на март и да се дистрибуираат вакцините за Ковид-19, рече во средата претседателот на Европската централна банка.
ЕЦБ во декември објави дека очекува годинава економијата во еврозоната да порасне за 3,9 проценти, предвидувајќи постепен крај на пандемијата, потсетува Ројтерс.
Уште во средината на јануари оваа година, изгледите за закрепнување беа намалени со повторното појавување на случаи со ковид-19 и сè поинтензивните мерки за ограничување на движењето и активноста во земјите од еврозоната, вклучувајќи ги Германија и Франција, како и бавната кампања за вакцинација.
Кристин Лагард, сепак, ги потврди економските прогнози на ЕЦБ од декември, велејќи дека тие се засноваат на претпоставка за одредени ограничувања.
„Јас сум на мислење дека нашите најнови проекции од декември се уште се во голема мера веродостојни. Тие се темелат на претпоставката дека ограничувачките мерки ќе останат во сила во првиот квартал “, рече Лагард од конференцијата„ Ројтерс“.