Канадскиот трговски ланец Alimentation Couche-Tard  понуди скоро 20 милијарди долари за францускиот ланец супермаркети Карфур, кој исто така е еден од најголемите добавувачи на храна во земјата, објави СЕЕбиз.

Француската влада изрази загриженост за овој потег, а како причини ги наведе независноста во секторот за продажба на храна и безбедноста на храната.

Компанијата со седиште во Квебек, Couche-Tard, објави дека доставила необврзувачка понуда од 20 евра по акција за францускиот синџир маркети, главно во готово.

Така, таа ја проценила вредноста на француската компанија на 16,2 милијарди евра (19,72 милијарди долари).

Карфур не е најголемата компанија за продажба на стоки во Франција според годишниот промет, но поседува над 5.000 продажни места во земјата. Работи во над десет земји, вклучувајќи ги Албанија, Бугарија.

Акциите на „Карфур“ пораснаа за 17 проценти, додека акциите на Alimentation Couche-Tard паднаа за 11,6 проценти.