Стрипот Бетмен од 1940 година беше продаден на аукција во САД за нешто повеќе од 2,2 милиони долари.
Продажбата постави светски рекорд на аукцијата на стрипови за суперхеројот Бетмен, објави во четвртокот аукциската куќа „Heritage Auctions“ со седиште во Далас. Купувачот сакал да остане анонимен, изјави за агенцијата dpa портпаролот на аукциската куќа Роберт Вилонск.
Стрипот Бетмен бр. 1 ги прикажува Бетмен и неговиот асистент Робин како летаат на жолта позадина и црвениот хоризонт на градот Готам. Во тоа издание се појавуваат и познатите ликови Џокер, Хуго Стрејнџ и Жена-Мачка (Catwoman), и стрипот е во скоро совршена состојба, изјави аукциската куќа.
Колекционерот го купил стрипот за 3000 долари во Хјустон во 1979 година. Неговата оригинална цена во 1940 година беше 10 центи.
Неговата цена скокна дури и пред аукцијата, а од средината на декември пристигнаа повеќе од 24 понуди.
Претходниот рекорд за стрип за Бетмен беше поставен во ноември кога Heritage Auctions го продаде на аукцијата „Детектив стрипс“ (Detective Comics) бр. 27 од 1939 година, во која Бетмен се појавува за прв пат, за 1,5 милиони долари.