Друштвото за управување со инвестициски фондови „Генерали инвестментс“ преку Македонската берза информира дека е завршена процедурата за спојување на „Илирика фонд менаџмент“ кон компанијата.
Со тоа, од почетокот на годинава „Генерали инвестментс“ го презема управувањето со отворените инвестициски фондови „Илирика Југоисточна Европа“, „Илирика глобал – растечки пазари“ и „Илирика кеш фонд“.
Сега, „Генерали инвестментс“ управува со вкупно седум инвестициски фондови.