Тримесечната сезона на објавување деловни резултати започна, а резултатите први ги објавија банкарските гиганти. За „JP Morgan Chase“ последниот квартал беше рекорден, бидејќи беше остварен профит од 12,1 милијарди американски долари (главно заради бумот на инвестициското банкарство).

Сепак, акциите се лизнаа за 1,6 проценти во петокот, бидејќи сите добри вести очигледно веќе беа вклучени во растот на цената, што сепак е скоро за десет проценти повисок отколку на 1 јануари 2021 година. Банката оствари профит од 12,1 милијарди долари или 3,79 долари по акција, со приход од 30,2 милијарди долари.

Аналитичарите очекуваа дека банката ќе објави заработка од 2,62 УСД по акција со приход од 28,7 милијарди американски долари. Податоците на JPMorgan во четвртиот квартал исто така ги надминаа истите во истиот квартал една година порано, кога заработката беше 2,57 УСД по акција со приходи од 29,2 милијарди американски долари.