Цените на нафтата се зголемија под влијание на бранот на купување, а позначителен раст и понатаму е отежнат од прекумерната понуда.
На лондонскиот пазар суровата нафта се зголеми за 33 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 44,47 $. На американскиот пазар се тргуваше по непроменетата цена од 40,78 $.
На пазарите и понатаму е присутна прекумерната понуда, а највидлива потврда за тоа континуираниот раст на залихите во САД. Според објавените официјални податоци на американската влада, залихите на нафта минатата недела се зголемиле за 252.000 барели приближувајќи се до рекордните нивоа.
Поради презаситеноста на пазарот производителите се натпреваруваат со попусти со цел да го одбранат удел на пазарот од конкуренцијата. Така Ирак, вториот најголем производител во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), започна со продажба на барел нафта по цена од само 30 $, објавија извори во трговските кругови, што уште повеќе ги притиска цените.