Цените на нафтата во четвртокот повторно паднаа со оглед дека е пригушена забринетоста за ескалација на насилството на Блискиот Исток и повторно во фокусот е прекумерната понуда.
На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 32 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 45,71 $. На американскиот пазар цената е непроменета и изнесува 43,07 $.
Загриженоста дека соборувањето на рускиот авион од страна на Турција би можо да доведе до зголемени геополитички тензии и да го загрози снабдувањето од Блискиот Исток ги зголеми цените на нафтата оваа недела, во меѓувреме овие стравови стивнаа и вниманието повторно е свртено кон очекувањата дека производство ќе се задржи на високо ниво и покрај постојаниот раст на залихите.
“Залихите се зголемуваа во текот на минатата и оваа година. Залихите се исполнети речиси до врв и ни снемува складишен простор”, рече Bjarne Schieldrop од SEB.
Организацијата на земји извознички (ОПЕК) продолжува со високото ниво на производство, во обид да го одбрани својот удел на пазарот, со што некои мали членови на нафтениот картел стравуваат дека цените на нафтата може да се спуштат до 20 $.
Дополнително цената на нафтата е притисната и од силниот долар, со што се зголемува цената на нафтата за носители на други валути, а со тоа се попречува побарувачка.