Европската валута во однос на доларот се тргуваше за 1,0612 $, што значи дека курсот остана непроменет во споредба со крајот на тргувањето од претходниот ден. Американската валута ослабе благо за 0,2 проценти во однос на јенот, на 122,41 ¥.
Долар индексот се задржа на 99,818 поени, во близина на највисоко ниво во осум и пол месеци од 100,170 поени, на кое се искачи во средата.
Во фокусот на инвеститорите е редовниот месечен состанок на ЕЦБ на 3 декември од кој се очекуваат понатамошните потези во областа на монетарното олеснување, со цел да се обезбеди нов поттик на економијата во еврозоната.
Еврото во една таква средина два пати оваа недела се спушти под 1,06 $, а за неговото понатамошно слабеење упатува мислењето на учесниците на пазарите дека доларот ќе продолжи да зајакнува.