Доларот во однос на еврото на меѓународните девизни пазари зајакна по загубата од минатата недела, по објавата на податоците за новосоздадените работни места во САД, кои одат во прилог за зголемување на каматните стапки во најголема економија во светот.
Доларот во такви околности зајакна за 0,6 проценти во однос на еврото, на 1,0818 $. Во четвртокот, еврото го забележа најголемиот скок во последните седум години, со оглед дека пазарите беа разочарани од новиот пакет на иницијативи на Европската централна банка (ЕЦБ).
Јенот се намали за 0,1 проценти во однос на доларот, на 122,34 ¥. Долар индексот се зголеми за 0,4 проценти на 98,703 поени.
Во петокот беше објавено дека во САД во ноември се отвориле 211.000 нови работни места, што инвеститорите го толкуваат како доказ за силата на американската економија, зацементирајќи ги очекувања за зголемување на каматните стапки веќе во средината на овој месец.