На меѓународните девизните пазари минатата недела еврото зајакна во однос на доларот, втора недела по ред, иако следната недела се очекува првото зголемување на каматните стапки во САД од 2006 година.
Девизниот курс на еврото во однос на американската валута се зголеми за 0,9 проценти, на 1,0985 $. Во однос на јапонската валута, цената на еврото ослабна за 0,7 проценти на 132,90 ¥. И доларот ослабна во однос на јенот за 1,8 проценти, на 122,90 ¥.
Еврото го продолжи својот пораст од претходната недела, кога скокна речиси 3 проценти откако Европската централна банка (ЕЦБ) превзема поблаги мерки за дополнително олабавување на монетарната политика отколку што се очекуваше.
Иако американската валута ослабна во однос на еврото две недели по ред, различните насоки на монетарната политика спроведени во САД и во еврозоната треба да продолжат да го поддржува доларот на подолг рок, изнесуваат аналитичарите.
“Неодамнешниот пораст на еврото веројатно ќе издише, освен ако не се појават значајни фактори кои негативно може да влијаат на вредноста на доларот”, изјави Masafumi Yammamoto, аналитичар на Mizuho Securities.