Доларот во вторникот на меѓународните девизни пазари се спушти на најниско ниво во последните седум недели во однос на кошницата валути како последица на растечката тензија кај инвеститорите во исчекување на редовната седница на ФЕД оваа недела,
Долар индексот во еден момент падна на 97,19 поени. Подоцна се стабилизира на 97.355 поени, односно ослабна за 0,3 проценти во однос на предходниот ден.
Американската валута ослабна за 0,2 проценти во однос на јенот, на 120,75 ¥. Еврото во однос на доларот се зголеми за 0,4 проценти на 1,1040 $. Претходно, во еден момент достигна највисоко ниво во последните седум недели од 1,1060 $.
Аналитичарите истакнуваат дека доларот е ранлив и на најмалото изненадување што би можело да произлезе од редовниот месечен состанок на ФЕД. Повеќето од нив очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки за прв пат по речиси една деценија, но од ФЕД сигнализираа дека имаат намера постепено да ги подигнуваат, што од учесниците на пазарот тоа го оценуваат како релативно умерен пристап.