Курсевите на доларот, еврото, јенот и фунтата во вторникот се движеа во тесен опсег поради слабото тргување на меѓународните валутни пазари на кои веќе се чувствува празничното расположение.
Европската валута во тие околности се тргува на 1,0914 $, што значи дека остана помалку или повеќе непроменета во споредба со крајот на тргувањето од претходниот ден.
Вредноста на доларот благо падна за 0,1 проценти во однос на јенот на 121,08 ¥.
За новите насоки инвеститорите ќе ги следат новите економски показатели од американската економија, вклучително и ревидираните податоци за БДП на САД и градежните активности, иако аналитичарите исклучуваат понатамошни големи флуктуации на девизниот курс во последните денови на оваа година.