Американскиот долар во 2015 година се зголеми за повеќе од 9 проценти во однос на кошницата валути, благодарение на првото зголемување на каматните стапки на Банката на федерални резерви од 2006 година.
Долар индексот, во последниот ден од минатата година постигна 98,75 поени, што е за 9 проценти повеќе во однос на почетокот на годината.
Зајакнувањето на доларот е благодарение на зголемувањето на каматните стапки на Банката на федерални резерви во декември за прв пат по речиси десет години, како и најавите зголемувањето да продолжи и во 2016 година со постепено зголемување на каматните стапки.
Поради тоа минатата година доларот во однос на еврото зајакна, за повеќе од 10 проценти, веќе втора година по ред. Девизниот курс на еврото ја заврши 2015 на околу 1,0860 $.
Слабеењето на еврото е резултат на исклучително лабавата монетарна политика на Европската централна банка (ЕЦБ), која на почетокот на минатата година воведе програма за купување на државни обврзници во вкупна вредност од повеќе од 1.000 милијарди евра.
Оваа програми ќе продолжи, а можеби и да се зголеми, во 2016 година, па голем број од аналитичарите очекуваат натамошно слабеење на европската валута.
Аналитичарите изнесуваат дека разликите во монетарната политика на САД и во повеќето други развиени економии и натаму ќе е главен двигател на девизните пазари, барем во првиот квартал од 2016 година.
“Банката на федерални резерви во март би можела да донесе одлука за второ зголемување на каматните стапки, што се уште не е целосно врачунато во курсевите, па доларот би можел да добие нов поттик за раст”, изјави Richard Franulovich, стратег за валути во банката Westpac.