Директните кинески инвестиции во странство минатата година достигна речиси 120 милијарди долари, како дел од напорите на Кина да придобие странска технологија, според податоците објавени од страна на кинеската влада.
Директните инвестиции на втората по големина светската економија во 2015 година се зголемени за 14,7 проценти на 118 милијарди долари, објави министерството за трговија на Кина.
Вредноста на овие инвестиции остана пониска од приливот на странски директни инвестиции во Кина, чија вредност минатата година достигна 126.3 милијарди долари, што значи дека Кина останува нето увозник на капитал. Двата показатели го исклучуваат финансискиот сектор.
Најголема поединечна инвестиција е на државната кинеска компанија ChemChina во реномираниот италијански производител на гуми на Pirelli, изјави портпаролот на министерството за трговија Shen Shen Danyang.
Кинеските превземања се високи по вредност и се застапени во голем број на индустрии и земји, Кина остана активна во оваа област и покрај бледата глобална економија додаде Shen Danyang.
Пекинг ги охрабрува кинеските компании да инвестираат во странство, бидејќи втората по големина економија во светот се соочуваат со се повеќе тесни грла на патот на развојот. Тоа вклучува прекумерна продуктивност на производството, недоволна домашна побарувачка и зголемување на потрошувачката на енергија и ресурси.
Дополнителен мотив се намалените инвестициски трошоци, благодарение на остриот пад на цените на производите на меѓународните пазари и флуктуациите на некои валути, како еврото.
Од кинеските аквизиции се издвојува купувањето на 15 проценти од американската компанија Western Digital за 3,8 милијарди долари, која во септември минатата година ја објави државната компанија Unisplendour Corporation Limited.
Кинеската енергетска компанија Three Gorges во ноември ја доби концесија за управување со двете големи хидроелектрани во Бразил за 13,8 милијарди реали (3,4 милијарди долари).