Хрватска е една од првите членки на Европската унија што регулира едногодишен привремен престој за дигиталните номади.
Хрватскиот национален туристички одбор (CNTB) започна нова промотивна кампања „Хрватска, твојата нова канцеларија!“ со цел позиционирање на Хрватска како привлечна и добро подготвена дестинација за дигитални номади.
Рекламната кампања, покрај PR и медиумските активности, ќе се спроведува и на Фејсбук и Твитер, со посебен фокус на пазарите на САД, Канада и Велика Британија. Како дел од кампањата на веб-страницата croatia.hr, заедно со Министерството за туризам и спорт, беше создадена посебна потстраница Хрватска, вашата нова канцеларија на англиски јазик, која ги содржи сите важни информации во врска со апликациите и престојот на дигиталните номади во Хрватска.
CNTB потсети дека хрватскиот парламент го донесе Законот за странци, според кој на „дигиталните номади“ може да им се одобри привремен престој во земјата до една година.
Да ве потсетиме, водечката светска марка на туристички водичи Lonely Planet го посвети својот неодамнешен напис на тема дигитални номади и условите што странците мора да ги исполнат за да поминат една година во Хрватска како дигитални номади.