Лани Стопанска банка оствари највисока бруто добивка од 35,3 милиони евра потоа следи Комерцијална со  32,3 милиони евра и  НЛБ Банка со бруто добивка од од  30,2 милиони евра

Банките и лани во време на пандемија беа стабилни и добро работеа, покажуваат податоците на  Народна банка за лани кои се однесуваат на нивната актива.

Лани трите најголеми банки Комерцијална, Стопанска и НЛБ Банка ја зголемија активата од 103.000.000 до 156.000.000 евра.

Така кај Комерцијална банка зголемувањето на активата е за 156.000.000 евра и достина околу  2,2 милијарди евра. Зголемувањето на активата кај втората по големина Стопанска банка Скопје  е од 103.000.000 евра и на крајот на минатата година изнесува 1,7 милијарди евра. И НЛБ Банка  успеа да ја зголеми активата на 1,4 милијарди евра или има зголемување од 137.000.000 евра.

Големите банки, лани бележат значајно намалување на профитабилноста во однос на претходната 2019 година. Нивната вкупна добивка лани изнесува 101.100.000 милиони евра, наспроти 113.300.000 евра во 2019 година или за 12.200.000 евра помалку.

Стопанска банка оствари највисока бруто добивка од 35,3 милиони евра потоа следи Комерцијална со 32,3 милиони евра и  НЛБ Банка со бруто добивка од од  30,2 милиони евра.

Високата добивка на Стопанска банка доаѓа од остварените приходи од камата во бруто износ од 4.136.546.000 денари. Нето приходите од камата, пак кај НЛБ Банка се 2.913.186.000 денари, а кај Kомерцијална изнесуваат 2.419.344.000 денари.

Податоците покажуваат дека на овие банки и лани депозитите им се најголем извор на средства. Во Комерцијална банка учествуваат со 87 отсто во пасивата, во НЛБ со 82 отсто и во Стопанска со 81 отсто. Од депозитите Стопанска банка околу 82 отсто ги пласира во кредити, НЛБ 73 отсто, а Комерцијална околу 44 отсто.

Трите најголеми ги следи Халк Банка  на која активата лани и достигна 1,2 милијарди евра или порасна за 156.000.000 евра.

Охридска банка петта со актива од 738.000.000 евра, што е за 49.000.000 евра повеќе од 2019 година. Меѓутоа, оваа банка е споена со Шпаркасе банка на која активата лани ѝ достигна  429.000.000 евра

Следува Прокредит банка со актива од 574.000.000 евра, УНИ Банка, со актива од 386.000.000 евра, Развојната банка на Северна Македонија со актива  од 195.000.000, Стопанска банка Битола со актива од  179.000.000 евра и Централно-кооперативна банка, со актива од 172.000.000 евра.

ТТК банка,ланската година ја заврши со актива од 114.000.000 евра, Силк Роуд банка со актива од 113.000.000, и Капитал банка, чија актива изнесува 44.500.000 евра.