Најпопуларната криптовалута денес вреди повеќе од 57.200 долари и на тој начин се приближи на рекордот од 58.332 долари. Биткоинот утротво вредеше 57.217 долари според платформата Коиндеск. Некои аналитичари очекуваат дека биткоинот ќе ја надмине границата од 60 000 американски долари за прв пат во историјата.

Овој пат, инвеститорите влегуваат во биткоин пред се за да се заштитат од очекуваната инфлација во иднина и покрај фактот дека сè уште нема причина да се биде премногу загрижен за зголемувањето на цените.

Охрабрувачките информации за големиот интерес на клиентите на Голдман Сакс за најпопуларната криптовалута секако придонесоа за растот на биткоинот.

Во очите на инвеститорите, тоа е дигитално злато, заштита од сите ексцеси што неизбежно ќе ги предизвика дивото печатење пари насочено од централните банки, односно пред се високата инфлација и девалвацијата на класичните валути. Бидејќи цените на златото паѓаат благо веќе неколку месеци, се повеќе станува јасно дека биткоинот навистина ја презеде својата улога во портфолиото на многу големи играчи.

ЕЦБ во четвртокот значително ја зголеми проценката на стапката на инфлација за еврозоната и најави побрзо темпо на откуп на средства следниот квартал за да обезбеди поволни услови за финансирање на економијата.

Оваа година, ЕЦБ очекува инфлација од 1,5 процент, во споредба со 1,0 проценти предвидени во извештајот од декември 2020 година.

Потсетувајќи дека инфлацијата во еврозоната беше 0,9 проценти во јануари и февруари, по минус 0,3 проценти минатиот месец, претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, рапидниот пораст на цените на почетокот на годината го припишува на привремени фактори и повисоки цени на енергијата.