Централниот регистар го продолжи рокот за електронско поднесување на годишна сметка до 25 март годинава.
Одлуката се носи по пристигнати барања до Регистарот и Владата за пролонгирање на рокот.
Централниот регистар излегува пресрет на обврзниците и на сметководителите за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка. Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи врз основа на состојбата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот КОВИД-19, а со цел запазување на законските рокови, соопштија од Владата.
Согласно податоците од Централниот регистар заклучно со вчера над 90 отсто од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка. Централен регистар како сервисно ориентирана институција е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.