Туризмот го чека уште една лоша година. Бројот на туристи во јануари во споредба со истиот месец  лани намален за 50 проценти, објави статистика.  Oгромен пад има и кај ноќевањата. Кај домашните гости намалување има од 12 проценти, но кај странските падот достигна до 70 отсто. Туристичките работници велат и оние малку аранжмани полека се откажуваат. Се помалку се надеваат дека работата ќе тргне на подобро.

Не се сигурни ниту дека туристичките ваучери кои се со важност до крајот на годинава ќе може да се искористат.

Дополнително работата е отежната со тоа што мерките од новиот пакет помош се заглавени во Собранието. Многу од нив без субвенциите не можат да исплат плата за февруари. Поради лошата финансиска состојба дел од нивните колеги донеле одлуки и да ги затворат агенциите.