Годишното производство ќе биде 210 илјади електрични автомобили
Форд ќе инвестира 2 милијарди долари за изградба на фабрика за електрични автомобили во Турција. Партнер на автомобилскиот гигант е турската индустриска групација Кох холдинг. Доколку се реализира, ова ќе биде најголемата инвестиција во автомобилскиот сектор во Турција.
Извозот на автомобили од турско производство минатата година вредеше 25 милијарди долари. Претседателот Реџеп Таип Ердоган предвидува дека за една деценија земјата ќе биде петти по големина производител на електрични автомобили во светот.
Годишното производство на Форд во Турција се очекува да биде 210.000 автомобили годишно.