Цените на нафтата во петокот на меѓународните пазари се зголемија во близина на 35 $, поддржани од страна на надежта дека големите производители ќе се согласат да го намалат производството, со цел да се поддржат цените.
На лондонскиот пазар цената на суровата нафта се зголеми за 88 центи и изнесуваше 34,77 $. На американскиот пазар барел се тргува за 92 центи повисока цена од 34,15 $.
Во втората половина на оваа недела пазарите црпеа поддршка од надежта дека од страна на водечките производители во рамките на Организацијата на земји извознички (ОПЕК) и Русија би можело да се постигне договорат за намалување на производството со цел да се поддржат цените и намалување на вишокот на понудата. Русија оваа недела најави дека може да соработува со ОПЕК во тој правец, што во изминатите 15 години не беа подготвени да го направат.
Рускиот заменик премиер Аркадиј Дворкович во петокот изјави дека руското производство може да се намали по намалените инвестиции, истакнувајќи дека сепак владата ќе интервенира со цел да го балансира пазарот.
“Иако таквиот исход го сметаме за малку веројатен, намалување на производството за пет проценти само во Русија и Саудиска Арабија ќе биде доволно за да се балансира пазарот”, се вели во белешката објавена во петокот од консултантската куќа Jefferies.
“Ако ОПЕК на Русија и предложи ограничување на производството, кое не ги поткопува долгорочните руски цели и клучните руски производители го поддржуваат договорот, Русија може да се согласи да се ограничи производството”, истакнуваат аналитичарите на ESAI Energy.