И покрај пандемијата на коронавирусот, Финска ја брани титулата најсреќна земја во светот и четврта година по ред го зазема првото место на списокот на ООН, беше објавено денес пред Светскиот ден на среќата.

За авторите, ова „не е изненадување“ и тие истакнуваат дека Финска „отсекогаш била високо рангирана врз основа на мерките за заемна доверба кои помагаа во заштитата на животот и егзистенцијата за време на пандемијата“, пренесува порталот SEEbiz.

sorti_finska_poslovi_biznisi_blic_safe_sto_SG_SD05

Финска е предводена од премиерот Сана Марин и е една од 23-те земји анкетирани кои се предводени од жени.

Финците „се обидоа да ја усогласат политиката со општото чувство на благосостојба“, наведуваат авторите.

Скалата на среќа се заснова на статистиката на истражувањето на Галуп за тоа колку се чувствуваат среќни самите граѓани.

Индексот на среќа се заснова на фактори како што се БДП по глава на жител, очекуван животен век на граѓаните, слободи, перцепција на корупција во владата и економските субјекти.

Како и обично, земјите од европскиот север го заземаат врвот на списокот, по што следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд надвор од Европа, со Австрија на 10-то место.

Хрватска го зазеде 60-то место со резултат 5.882, а во соседството меѓу земјите од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина е послаба на 64-то место, Црна Гора на 72-то и Македонија на 94-то место. Словенија е далеку подобро рангирана на 29-то место, а Србија на 48-то место.

САД се рангирани на 20-то, Русија на 77-то, Кина на 85-то и Индија на 140-то.