Создавањето на млади претприемачи е сериозен предизвик којшто бара целосна посветеност од страна на креатотите на политики и едукаторите. Иако нуди низа предности, впечаток е дека во Пелагонискиот рагион сѐ уште не се гледа на кариерна опција или можност за самовработување
Иако постои определен напредок во напорите што ги прават општините, сепак сѐ уште постои сериозен предизвик во ефективниот пристап на младинското претприемништво. Ана Ристевска е една од поретките успешни приказни. Веќе над три години е управител на софтверска компанија и вели дека сега не би се заменила за некое државно вработување. Порачува дека младите не треба да дозволат оваа ковид состојба да ги стави во апсолутно мирување, туку да трагаат по сите можности што се нудат.
Иако претприемништвото нуди низа на предности, бројките кажуваат дека во Пелагонискиот регион сѐ уште за малдите поатрактивно е класичното вработување, велат експертите. По соработката со универзитетот во создавање на услови, од општината велат- ќе одат чекор напред.
До минатиот месец статистиката вели дека активни баратели на работа во Битола се околу 7.000 лица од кои со нешто помалку од една третина партиципираат младинските категори.