Вториот бран на ковид-19 негативно влијаеше на економската активност на почетокот на годината “, наведоа аналитичарите на Фич во извештајот, прецизирајќи дека подобрената проекција се заснова на растот на цените на нафтата, пренесува Раша Тудеј.

Меѓународната агенција за рејтинг „Фич“ ја зголеми прогнозата за раст на руската економија за 2021 година од 3,0 на 3,3 проценти.

Вториот бран на ковид-19 негативно влијаеше на економската активност на почетокот на годината “, наведоа аналитичарите на Фич во извештајот, прецизирајќи дека подобрената проекција се заснова на растот на цените на нафтата, пренесува Раша Тудеј.

Фич очекува дека економската активност во Русија ќе се забрза од втората половина на 2021 година, поради делумното закрепнување на инвестициите и вакцинацијата на граѓаните.

Во исто време, агенцијата за рангирање ја задржа прогнозата за растот на рускиот БДП за 2022 година на непроменето ниво од 2,7 проценти, додека очекува дека следната година ќе се надомести економскиот пад од 2020 година.