Ризикот од американски санкции мора да се намали со преминување кон алтернативни валути и оддалечување од употребата на доларот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров
Ризикот од американски санкции мора да се намали со преминување кон алтернативни валути и оддалечување од употребата на доларот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
“Треба да ги намалиме ризиците од санкции со зајакнување на нашата технолошка независност со преминување кон плаќања во национални валути или во светски валути алтернативни на доларот. Треба да се оддалечиме од користењето на меѓународните системи за плаќање под контрола на западот”, рече Лавров во интервју за кинеските медиуми објавени од руското Министерство за надворешни работи.
Лавров рече дека Соединетите држави имаат за цел да го ограничат технолошкиот развој на Русија и Кина, затоа двете земји мора да ја зајакнат својата независност.
“Соединетите држави ја промовираат својата идеолошка програма насочена кон одржување на својата доминација со потиснување на развојот на другите земји. Оваа политика е во спротивност со објективните тенденции”, рече Лавров.