СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа на експозитури.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:
- Ги исполнува таргетите за пораст/продажба, приходи во експозитурата;
- Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите од населението, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;
- Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи кои ќе ги исполнат нивните барања;
- Ги промовира производите и услугите на Банката за население на постоечките и потенцијалните клиентите со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на Експозитурата.
- Ги подготвува и поднесува индикативните понуди за клиентите на Банката од редовите на населението;
- Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување на ажурирани производи насочени кон клиентите.
- Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити производите на банката.
- Делува проактивно со цел да се избегнат оперативните проблеми на клиентите, информира и ги советува клиентите во фронт службите со цел да ги промовира производите и услугите на Банката.
- Врши вкрстена продажба на банкарските производи.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство;
- Најмалку 2 години искуство, по можност во банкарски или друг финансиски сектор;
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Добро познавање на локалниот пазар;
- Добро познавање на банкарските производи;
- Добри организациски и комуникациски вештини;
- Можност за самостојна работа;
- Флексибилност.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на: [email protected] со назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Скопје”, најдоцна до 29.03.2021 година.