Големите бродови крузери ќе се закотвуваат на соседното пристаниште

Италијанската влада донесе одлука за отстранување на големите бродови од пристаништето во Венеција, пренесе АНСА.

Издаден е указ за големи крстаречки бродови. Документот беше одобрен од четворица министри.

Бродовите ќе се закотват во пристаништето Маргера сместено во градот Местре.

Идејата е да се зачува културното наследство во регионот. Начинот на кој досега се паркираа бродовите ја засенуваше глетката на илјадници туристи.

Покрај тоа, бродовите се движат во тесен простор и погрешна одлука може да доведе до уништување на една од прекрасните згради во градот. Многу скутери и чамци се движат по каналите.

Во последниве месеци, многу Венецијанци се приклучија на предлогот големите бродови да се закотват во блиското пристаниште.